СТРАВ ОД ПОБЕДА

Одбојка

Пионерската екипа на ОК 11 Октомври учествува во Кадетската лига на Македонија. Стартот е добар, на турнирот во Битола. Прво беше дуелот со Пелистер, кој заврши со 2-1 за домаќинот. Гостинките водеа со 10-2 во решавачкиот сет и дозволија пресврт до 14-16. Според тренерот Гиче Локвенец преовладела страв од победа. На вториот дуел е постигнат убедлив триумф од 2-0 над Валандово. По две недели е вториот турнир во Валандово или Велес.

Засега нема финансии, но има желба за домаќин еднаш да биде и 11 Октомври.

Loading