РЕЛАКСИРАНА КЛИМА НА ДОКТОР

Здравствен дом       

–  Се реконструира детското одделение

Zdravje vo evropski ambient - Petar EsteskiaБлеска здравствениот дом однадвор и одвнатре. Не само со новата термичка фасада и новите изолациски прозорци, туку и речиси комплетната реконструкција одвнатре ја подобрува целосната физиономија на објектот. Амбиентот веќе заличува на европска здравствена институција со сите нишани. Новите подови, врати, лифтот, новата опрема во лабораторијата, стоматологијата, спортската медицина и канцелариската опрема ја прави климата релаксирана за пациентите и погодна за нудење на здравствени услуги на персоналот.

Според директорот Петар Ристески, комплетно се реконструира  детското одделение за превентивна медицина и вакцини од 0-6 години.

– Се вршат градежни активности за преуредување на просторот, канцелариите, ординациите, амбулантите, работните простории за систематските прегледи, каде што има уривање на ѕидови, нова дограма, столарија, променети внатрешни, надворешни врати, подовите… да се создадат услови на највисоко ниво според европски норми. Инвестицијата од околу 1,4 милиони денари ја изведуваме со сопствени средства – вели Ристески.

Во целата зграда се финализира промената на сите внатрешни врати, стари повеќе од 50 години. Се менуваат и големите влезни врати за пристап до одделенијата, подовите, каде се вложени 1,25 милиони денари, средства од домот.

За да се одржува хигиената на новите подови се набавува машина за чистење.

– Чистотата е ориентација број еден во медицинска установа. Се менуваат погледите на пациентите кога влегуваат во чиста средина, се чувствуваат послободни. Се поткрева нивото на услугите на рамниште што е нужно. Кога на сето тоа ќе се додадат и повеќето апарати, се добива реален впечаток на сигурност и квалитет на здравствените прегледи – објаснува Ристески.

Генерално, се дотерува Здравствениот дом постепено, одделение по одделение.

Лекар во секое село

Se e novo vo zdravstveniot domПаралелно се тежнее кон ангажирање на лекарски персонал. Вработен е еден лекарски тим за проектот рурален доктор за прилепските села, за долненско и кривогаштанско.

– Секојдневно, лекарскиот тим ги посетува населените места без медицинска заштита, без здравствена амбуланта. Се прегледуваат околу 30 пациенти дневно по селата. Им се олеснува на жителите да не се изложуваат на давачки за помали лекарски прегледи в град.  Во тек е конкурсот за прием на двајца лекари педијатри, кои веднаш по вработувањето ќе бидат упатени на специјализиција во болничка педијатрија, со што ќе се доекипира одделението за превентивна медицина – кажува првиот човек на Здравствениот дом, Петар Ристески.

Проект за итна помош и дневна болница

Изготвен е проект за итната помош на местото на поранешното заразно одделение кај болницата.

– Тој вклучува од подземни гаражи до лекарски простории опремени со модерна техника дури и дневна болница. Тоа се норми кои е нужно да се почитуваат при проекција на здравствени објекти од ваков тип. Проектот е доставен до Министерството за здравство –   информира  Ристески. 

Опремена итната стоматолошка служба

– Инсталиравме модерна техника во итната стоматолошка служба. Сосема е опремена службата за давање на услуги. И за одделението по детска превентивна стоматологија. Ќе се обезбеди  стоматолог кој веќе неколку месеци е на специјализација – вели Ристески 

Loading