Ракомет
Речиси заборавивме кога последен пат имавме ракометен репрезентативец од градов, а тој статус во моментов е за десното крило од РК Прилеп, Златко Мојсоски. Настапи на мечот дома со Швајцарија (27-20), а повикан е од селекторот Обрван и за гостувањето в недела во Чешка. Поради репрезентативните термини пауза е во Супер лигата, каде Прилеп постигна четврта победа од 29-38 на гости кај Текстилец во Штип. Следниот меч е на 8 ноември дома со Тинекс.
Женскиот тим на Жито Прилеп даде отпор, но четвртпат загуби, 29-25 на гости од Ѓорче во Скопје. Викендов е тежок дуел дома со Металург.
![]()


