На Макинова
Иноваторот, пензионерот, Живко Ширкоски и помладиот негов колега, студентот, Иван Василески се вратија од изложбата на иновации и патенти Макинова во Скопје со пет златни медали. Ветеранот во иноваторството од областа на техниката, Ширкоски освои четири злата. Го воодушеви жирито во највисоката категорија, патенти, демонстрирајќи композитен контејнер за лежиште, универзално балистичко заштитно средство, композитен граничен прстен и техника на монтирање на полимерски композитни елементи.
– Сите патенти се признати, проверени, испитани и атестирани и можат веднаш да бидат пуштени во сериско производство – вели Ширкоски.
Студентот на Електромашинскиот факултет, Иван Василески, создал машина за копирање со паричка. Се става оригиналот за копирање во машината, се пушта паричка и машината вади копија на хартија.
Во градов веќе е формирано друштво на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања со 11 членови.