БАЛКАНСКИ ПИЛОТИ НА ТРЕСКАВЕЦ

Параглајдерство: Викендов е меѓународниот “Прилеп ОПЕН”

– Најавени се околу 60 параглајдеристи од Регионот

Mestoto odredeno za poletuvanjeВикендов е првиот параглајдерски куп “Прилеп ОПЕН 2014” во прецизно слетување на полетувалиште и слетувалиште кај манастирот Трескавец. За посетителите има паркинг, а настанот можат да го следат до 5000 гледачи. Ретка можност да се видат знаменитостите и природните убавини, и мајсторите на овој спорт. Во минатото имаше натпревари во соседното Крушево, а сега конечно и во Прилеп.

Најавени се околу 60 параглајдеристи од земјава и Балканот. Има врвни пилоти од сите соседни земји и од Словенија, Хрватска и Турција. Меѓу фаворитите се македонските параглајдеристи, репрезентативците, кои не отпатуваа на Европското во Србија. Загладнети за медали сигурно ќе дадат сé од себе да се покажат во најдобро издание пред својата публика. Репрезентацијата е прилепска, Миле, Мартин и Борјан Јованоски (Делта), Златко Спиркоски и Христијан Темелковски (Делта клуб).

Свеченото отворање од страна на градоначалникот Марјан Ристески е утре, сабота. Предвидени се три серии, првата и втората в сабота, третата в недела. Во паузите заинтересираните имаат можност за тандем летови со параглајдер. Натпреварот е организиран од Општина Прилеп, УСАИД Македонија и клубот за екстремни спортови “Скајридерс”. 

Кај Манастирот Трескавец веќе се одвиваа натпревари во болдеринг и планинско маратонско трчање. 

Loading