ЗЛАТНА ПЛАКЕТА ЗА ИНФРАРЕД ГИТАРА

Матурант од гимназијата “Мирче Ацев” победник на МАКИНОВА 

Petar i negoviot izum - elektricna infrared gitaraГимназијата е расадник на талентирани ученици, а професорите ја поттикнуваат инвентивноста, која им носи високи награди. Дека матурантот Петар Маркоски ја познава електрониката и електротехниката покажа со уникатниот изум, електрична инфраред гитара. За пронајдокот, Петар ја доби највисоката награда – златна плакета на Макинова и Еконова 2014, натпревар по истражувачко – креативно творештво. Како третонаграден на државниот натпревар за млади истражувачи беше повикан од СПАТУМ, Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија, по вторпат да земе учество на манифестацијата која се одржа во рамките на саемот ТЕХНОМА.

Гитарата е составена од инфраред пикап систем, засилувач и звучник и преку жиците осцилациите меѓу инфраред системот се претвораат во електричен сигнал, кој патува до звучникот при што се слуша звукот.

– Наместо со магнетен, гитарата работи со инфраред пикап систем. Сé е моја креација, ги изработив сам сите делови. Добив многу прашања од воодушевената оценувачка комисија. Дури и засвирив на гитарата, да го испробаме звукот. Наградата ќе ми биде билет за стипендија на некој престижен универзитет во странство – вели Петар Маркоски, ученик во 4 година.

Под менторство на професорката Ана  Велјаноска учестуваше на  МАКИНОВА.

СПАТУМ по 35. пат во континуетет, од 1980 година, годинава ја организираше изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови прозиводи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки, младинско истражувачко креативно творештво МАКИНОВА 2014, придружена со 12. изложба чија цел е подобрување на животната средина, ЕКОНОВА 2014.  

Loading