СО КРУШЕВО ВО СРЦЕТО ДО ПРВА НАГРАДА

ОУ “Гоце Делчев”

Elena so svojata tvorba se zakiti so prvo mestoДека Крушево е во нејзиното срце, херојскиот град инспирација за песна, покажа Елена Ангелеска со нејзината првонаградена творба. Деветтоодделенката од ОУ “Гоце Делчев”, во силна конкуренција, меѓу основци и средношколци од регионов, успеа да го грабне првото место со поезијата посветена на херојскиот град. На конкурсот “Крушево во нашите срца”, организиран од СОУ “Наум Наумовски Борче” во Крушево, нашата деветтоодделенка ја демонстрира дарбата за создавање на стихови и раскошниот емотивен израз. Со поддршка на менторот, наставничката Билјана Јагуриноска, за Елена претстои светла иднина. Потврда дека е надежна поетеса се честите настапи на разни литературни читања.           

Елена пишува активно поезија од петто одделение. Преокупација и е убавината на природата, на градовите, на татковината. Без мака, туку сос леснотија “чкрта” стихови и на зададена тема.

– Учествувам и на други конкурси. Последниов беше помасовен. Но, покрај силната конкуренција, успеав да  ги освојам лаврите. Горда сум и полна со жар за нови творби. Преку песната ги изразувам емоциите, фантазиите, некој друг свет на волшебства, кој го делам со стиховите. Мотиви црпам и од посети на Крушево, оти овој град е историја на Македонија, полн со предизвици за песна. Ја опевам околината, природните особености, патриотизот и јунаштвото, како што е и насловот на творбата. Затоа Крушево навистина ми лежи во срцето – вели Елена Ангелеска.

Таа не крие дека нема да се раздели со љубовта кон поезијата и кога ќе порасне, туку секој поетски порив ќе го стави на хартија без разлика на возраста. Негува надеж дека еден ден ќе издаде збирка на песни, па втора книга…  

Loading