ОДНАТРЕ РАСТУРЕН ОФК

Историја

Победа направи првокласна сензација на 28 април 1988 со триумфот од 2-3 над ОФК среде Белград. Во таа второлигашка сезона беше првиот пораз дома на фаворитот. После мечот раководството на ОФК до доцна ноќта заседаваше, а наредниот ден одржа итна седница на која му врачи отказ на тренерот Велимир Ѓорѓевиќ. Белграѓаните го признаа поразот од тимот на Кирил Анески, кој настапи со: М. Јонуз – Шалев, Радевиќ, Ф. Јонуз, В. Димоски, Досев – Богоевиќ (Раденковиќ), Т. Наумоски, Тркалинов (К. Митрески), С. Најдоски, Гунев. Стрелци беа Досев и два Гунев.

Претходно есента, во Прилеп со 2-1 победи Победа. 

Loading