МАРШ ЗА ТОШЕ

Планинарите од Картуш изведоа меморијален марш за седумгодишнината од загинувањето на Тоше Проески до комплексот на манастирот Св. Преображение кај Крушево. Објектот што почна да го гради нашата прерано згасната ѕвезда е светилиште, оти Тоше таму го наоѓаше својот душевен мир.

Планинарите тргнаа од селото Житоше преку крушевското Селце по угорнини на околу 1000 метри надморска височина. Најпрво запалија свеќи во манастирот, а потоа уживаа во панорамата на Пелагонија што се гледа од Крстот. Сојузник им беше времето, што е ретко во овој период од годината. 

Loading