ЦРКОВНИОТ ОРДЕН СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ЗА ПРИЛЕПСКАТА ПИВАРНИЦА

За 90 -тиот роденден

Priznanie za Pivarnicata za poddrska na manastirite i crkviteМакедонската православна црква ја одликува Прилепската пиварница со орден “Свети Климент Охридски” од втор ред. Одличието на Претседателот на Управниот одбор, Кирил Самарџиоски, му го додели митрополитот Преспанско-пелагониски, Петар, во присуство на Архиепископот Г. Г. Стефан и Владиката Климент во кругот на компанијата.

Високото црковно одличие се доделува поради несебичниот придонес и помош за црквите и манастирите во прилепскиот регион. Признанието е врачено токму во годината кога компанијата слави 90 години од основањето.

– Наградите не се добиваат, туку добитниците ги создаваат со своите дела. Прилеп, покрај тоа што е град на мермерот, на тутунот, град првоборец, е и град на пивото – изјави поглаварот на МПЦ, Г.Г. Стефан.

Претседателот на Управниот одбор на Прилепската пиварница, Кирил Самарџиоски, рече дека Орденот претставува големо признание за сѐ што се залагаат во Прилепската пиварница.

– Ова е награда и за вработените, затоа што ја добиваме во годината кога го славиме 90-иот роденден. Прилепската пиварница и ние како семејство продолжуваме да ја помагаме Црквата во нејзината благородна цел – рече Самарџиоски.

Свети Климентовиот орден е највисокото црковно признание, а МПЦ го доделува на заслужни личности и институции веќе неколку години.            

Loading