ЗА ПРИЛЕП И МАКЕДОНИЈА – 1000 СРЦА

Iljada srca za iljada godiniТочно 1000 срца на учениците од основните и средните училишта  биеја на плоштадот “Ченто” во чест на празникот 11 Октомври. Илјада  ученици во црвени и жолти маички го формираа македонско знаме, бранувајќи во координативни движења. Радост за душата и мерак за очите беше кореографијата “Со љубов за Македонија”, која со аплауз беше поздравена од граѓаните.

Перформансот се совпадна со милениумската годишнина од постоењето на градот.

Loading