СВЕЧЕНИ ПРВАЧИЊА

ОУ “Блаже Конески”

Navala od veseli prvacinjaВо организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата за Детската недела, во ОУ “Блаже Конески” имаше свечен прием на првачињата во ученичката заедница. На приредбата, секое одделение им се претстави на родителите со свои творби. Како пионерите некогаш, првачињата положија свечена заклетва, ветувајќи дека ќе бидат паметни и вредни и дека напорно ќе учат. Првачињата добија беџови и легитимации.

Радоста на првачињата не завршува. Во соработка со локалната самоуправа, заедно со наставниците ги разгледаа знаменитостите на градов со градското вовче. Го посетија и Жито Прилеп каде им беа подарени маички и капчиња по повод Детската недела.

Децата ќе го запишат настанот во својата меморија, оти им беше незаборавно доживување.

Loading