Кривогаштани
Пополека, но сигурно го добива својот нов изглед адаптираната детска градинка во просториите на ОУ “Манчу Матак” во Кривогаштани. Министерството за труд и социјална политика ги испрати новите столчиња, кревети, масички, играчки и сé што е потребно за пријатен престој на децата во современа градинка. Целосно е опремена и кујната и тоалетите. Наскоро најмалите жители ќе можат низ игра и забава да учат и да уживаат во пријатниот амбиент.
Локалната самоуправа објави соопштение за предлози за името на градинката.
![]()

