Активот на жени при здружението на пензионери ја одржа традиционалната средба со 400 колеги од земјава по повод 11 Октомври – Денот кога пред 73 години во Прилеп и Куманово пукна првата пушка.
Претседателот на Сојузот на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски, на Кирил Ѓорѓиески од прилепското здружение, му подари посебно признание за успешно организираното ревијално настапување на КУД “Пензионер” и “Пенка Котеска” на фестивалот “На третата животна доба” во Љубљана неодамна.
– Прилепските културно уметнички друштва на пензионерите ја воодушевија публиката, претставувајќи се во најдобро светло. Со музички исполненија, пензионерите од Прилеп беа наш “амбасадор” во Словенија – истакна Аргировски.
Традиционалното дружење продолжи со музика и оро.