ПОЧЕСТИ ЗА ПАЈМАКОСКИ

Атлетика

Pred site - Ilija PajmakoskiНастан за паметење се двете меѓународни планински трки “По стапките на Крали Марко”. Покрај успешната организација за одбележување се настапите на храбрите тркачи. На покусата патека од 16 километри победи Илија Пајмакоски, пред Марјан Бонев од Скопје, Белгиецот Михаел ван Баелен, а одличен четврти беше Саше Јаковлески меѓу 86 стартери. Белгиецот ја згреши патеката и затоа од прв стана трет. На подолгата патека од 64 километри Божидар Чаушоски е на 51. место, а прв е Турчинот Махмут Јавуз со време од 7.59.22 часа, втор Жикица Ивановски од Штип, трет Бугаринот Константин Атанасов, меѓу 66 учесници. Поделени беа дипломи и медали.

Немаше парични награди, во склад со филозофијата на ултра – трчањето за слобода на телото и умот, оти трчањето по планините е да се ужива во природата, а не за пари.

Loading