Точно 65 граѓани до 29 години добија од државата грантови за самовработување и за отворање на сопствена фирма. Раководителката од агенцијата за вработување, Силвана Пашоска им ги врачи договорите за користење на неповратните средства.
Младите до 29 години се ослободени од придонесите за социјално осигурување за да им се олесни стартната позиција во бизнисот. Повеќе од 400 апликанти се пријавиле за оваа владина мерка.
Градоначалникот Марјан Ристески изјави дека од 2007 година до денес голем е број на иновативни луѓе кои отпочнаа со самостоен бизнис.
Прилеп е веднаш зад Скопје во добивањето на неповратни средства за поддршка на младите за реализација на деловна цел.