НАЈДОБРИОТ ЌЕ ДОБИЕ ПЕСНА ОД ИГОР ЏАМБАЗОВ

Младински музички фестивал за талентирани пеачи

И во нашиов град првпат ќе има младински музички фестивал за промоција на талентирани пеачи на возраст од 14 до 21 година.  Фестивалот “CoverFest” ќе се одржи во ЦК “Марко Цепенков” на 15 октомври од 20 часот. Ќе настапат 13 пеачи со две изведби, една композиција на матрица по свој избор, а другата – македонска, во анплагд верзија. Покрај жири-комисијата, свое мислење ќе даде и публиката преку гласање. Првопласираните ќе снимаат авторска песна. Оној кој ќе блесне пред жирито, оставајќи го “без зборови” ќе добие песна напишана од ексклузивниот гостин на фестивалот, Игор Џамбазов.

Фестивалот е во организација на Асоцијацијата за уметност и култура на деца и млади “Креативити”. Организаторите ветуваат забава, музика, изненадувања и награди.

Неделникот Зенит е медиумски покровител.  

Loading