ЕКО АКЦИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА БЕЗ ОТПАД

И учениците од ОУ “Добре Јованоски” се вклучија во Еко акцијата – Македонија без отпад 2014. Предводени од наставничките Роза Аџиоска Бурнеска, Светлана Петкоска и Верче Чакмакоска, во акцијата учествуваа ученици од повеќе одделенија, чистејќи го дворот од најразлични отпадоци. Ја собраа и стара неупотреблива хартија од училиштето.

Акцијата е дел од националната кампања за чистење на отпадот која е насочена на развивање на свеста и навиките кај граѓаните за подобро справување со отпадот за чиста и здрава животна средина.

Loading