БАРЛАКОСКИ ВО УКРАИНА И КИЧЕВО

Членот на кино клубот “Прилеп”, фотографот Божидар Барлакоски, се претставува со свои дела во Украина и во Кичево. Во Ужегородски музеј е презентирана наградената фотографија на меѓународниот конкурс “Карпатски драг”. Претходно авторот изложи околу 50 фотографии на самостојна изложба “Окото на градот” во Кичево, инспирирани од секојдневието и старите занаети. 

Loading