11 ОКТОМВРИ – ЗА ТЕБЕ МАЈКО МАКЕДОНИЈО

Nikolina GjorgjievskaПрва пушка во далечната 1941 пукна

и гласот на македонскиот народ за слобода се слушна.

Македонија дигна глава,

а од Прилеп и Куманово прво со пушка револуција се крена.

Доста Македончето беше страдно и гладно за слобода,

доста живот живееше во окови и под окупатори.

Со пушка во рака смело те бранеа,

на злото со оган од рафали дуваа,

ама тебе, како мајка една, те чуваа.

 

Години поминаа,

ама сеќавања болни не изминаа.

О, Македонијо, колку мачна мајка ти си била,

колку страдања на плеќи низ годините си збрала

и колку синови за слобода си дала.

Пред олтарот на слободата за тебе мајко,

твоите синови паднаа мртви,

ама во честа нивна, денес не сме повеќе окупаторски жртви.

а ти секој 11 Октомври голем празник славиш.

 

Николина Ѓорѓиевска, II-6 година – СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Loading