РЕПРЕЗЕНТАТИВКА

Одбојка

Lazarevik vo nacionalniot dresЖенската одбојка во градов прави крупни чекори напред и веќе се гледаат резултатите. На Балканското првенство во Суботица, Србија, во составот на младинската репрезентација на Македонија беше Марија Лазаревиќ од ОК 11 Октомври волеј. Ученичката во трета година Гимназија се наметна со својот талент, редовен и квалитетен тренажен процес, континуитет и прогрес во играта, така што сосема очекувано и заслужено го доби повикот од селекторите Јањевиќ и Јовески.

Тренерите – професори Орде Цветаноски и Васко Гајтаноски се горди што имаат репрезентативка од редовите на ОК 11 Октомври волеј.

Loading