Спектакуларна завршница со хумана димензија имаше прославата на десетгодишнината од формирањето на компанијата Комфи Ангел. На плошатадот “Ченто”, речиси сите илјада вработени понудија на продажба по симболични цени печива од домашната кујна, а средствата ги насочија во хуманитарни цели. Облечени во маици на компанијата со британско македонско косопствеништво, тие, под ведро небо организираа хуманитарен хепенинг, при што со телата го создадоа заштитниот знак на компанијата. Перформансот на славеникот привлече многу граѓани во саботниот пазарен и сончев ден на крајот од септември. Граѓаните широкоградо се одѕваа и ја прифатија понудата на кулинарските мајстории на конфекционерите.
Работниците ги донираа собраните средства за помош на училиштето за деца со посебни потреби во ОУ “Климент Охридски” за изградба на соба за деца со аутизам.
И градоначалникот Марјан Ристески го честеше роденденот и изрази задоволство од хуманиот гест на работниците и менаџментот.
![]()

