По повод 10 годишното постоење
За десетгодишнината од успешното делување, компанијата Комфи Ангел го пушти во употреба новиот погон за производство на заштитници за јоги кои се дел од асортиманот на фирмата со мешовит англиско – македонски капитал. Генералниот менаџер Ирена Јакимоска рече дека потребата за новиот погон се јавила поради се поголемиот извоз на нивните производи. Со новиот погон од 500 илјади евра значително ќе се зголеми производството, но и бројот на нови вработувања.
Градоначалникот Марјан Ристески рече дека се гордее со успесите на прилепските компании.
Утре завршува одбележувањето на 10 – те години од постоењето на компанијата, кога на плоштадот “Методија Андонов – Ченто”, во партнерство со локалната самоуправа, ќе се продаваат солени и благи домашни печива, подготвени од вработените на Комфи Ангел. Собраните средства ќе се донираат на ОУ “Климент Охридски” за изградба на соба за деца со аутизам.