И училиштето во селото Славеј има нова фасада и е целосно реновирано. Малтерисани се сите училници, променети се прозорците, наместо стариот под, учениците газат на ламинат со принтови од букви. Реконструирани се целосно и тоалети. Дотерувањето го помогнаа компанијата Филип Морис и општината Кривогаштани.