Жито Прилеп
Пак превртен распоред во Супер лигата за жени, а кога е во прашање гигантот Вардар СЦБТ сé е можно. Секоја чест на клубот со европски имиџ, но требаше во интерес на лигата и македонскиот женски ракомет да допатува во градов, а не да избегнува замор од патувањето. Така, в сабота Жито Прилеп ќе биде домаќин во СРЦ Кале. За нашиот клуб нема многу информации. Прашање е дали името останува или се менува во ЖРК Прилеп по фузијата со Таста 107. По првиот меч ќе биде познат играчкиот кадар, додека на тренерските места, според одржаните подготовки, се Бети Филипоска со Даниела Талеска и Виолета Димеска.
Екипата и во второто коло гостува, на Пелистер во Битола, а дома игра дури на 18 октомври со ЖРК Вардар.