ЧУРЛЕВСКИ НАМЕСТО ИЛИЕСКИ

Ракомет

Смена на тренерското место во машкиот суперлигаш РК Прилеп. Наместо досегашниот Орде Илиески, назначен е битолчанецот Боро Чурлевски. Клубот ќе излезе со детали за причините за смената ден – два пред стартот на сезоната. Чурлевски се враќа по 20 години, кога како среден бек настапуваше за Тутунски. Како тренер водеше екипи од Битола и во Грција. Пред првенствениот старт, РК Прилеп испушти триумф против Охрид во преполнетата сала на СОУ “Р. Р. Ричко”. По водството од три разлика, во последната минута беше 22-21 и топка за домашните, но бргу потрошена и по исклучувањето на Цветкоски гостите преку Николиќ, израмнија на 22-22.

Викендов реални се очекувањата за успех на гостувањето кај Работнички во Скопје.

Loading