Повеќечлена делегација од американската консултантска компанија Мултимекс Америкас, која ангажира експерти од повеќе области, во соработка со кабинетот на министерот за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф, локалната самоуправа и регионалната стопанска комора, имаа средба со претставници на Витаминка, Прилепска пиварница, Комфи Ангел, кофекцијата Кули и на Економскиот факултет од Прилеп. Договорено е гостите да направат напори за пошироко присуство на производите на Витаминка и Прилепската пиварница во поголемите трговски синџири во државата Охајо и пошироко на просторите од САД.
Американецот Мајкл Кормушов, со прилепско потекло, истакна дека целна група треба да биде домицилното население од Америка, кое многу малку знае за нашата држава, покрај нашите иселеници.
Договорено е воспоставување на соработка на полето на размената на студенти и професори меѓу Економскиот факултет и Универзитетот од Акрон во Охајо.