80 ДИПЛОМИ ЗА ВОЗРАСНИ

СОУ “Ристе Ристески Ричко”

Sveceno dodeleni diplomite na 80 vozrasni lica za zavrseno sredno obrazovanie vo Riste Risteski RicskoНаставниот кадар од СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, предводен од директорот Жарко Темелкоски, успешно ја спроведе консултативно – инструктивната настава во проектот за оформување на средно стручно образование за возрасни. Од октомври 2012 г., наставата ја следеа стотина учесници само со завршено основно образование и тоа во машинската струка за профилот машински техничар, во електротехничката, за електротехничар – енергетичар и во сообраќајната струка за техничар за транспорт и шпедиција. По две  годишна реализација на проектот поддржан од Владата, а во соработка со Центарот за образование на возрасни, 80 лица стекнаа четврт степен на средно образование.

Целта на проектот за бесплатно образование за возрасни е кандидатите полесно да се снајдат на берзата на трудот.

Дипломите на прилепчаните кои се на возраст од 18 до 45 години им ги врачи градоначалникот Марјан Ристески на пригодна свеченост. 

Loading