ПРИЛЕПСКИ ЦИГАРИ СО АМБЛЕМ НА ФИЛИП МОРИС, И ОБРАТНО

Интервју со генералниот директор на ТКП, Александар Дерменџиев

Tutunarite ke imaat fajde od sorabotkata so Filip Moris - Aleksandar DermendzievШто претставува стартот на новата заедничка фирма на Филип Морис и  на Тутунскиот комбинат? 

– Новото друштво е  дел од договорот за стратешко партнерство. Формирано е, регистрирано е, ги доби сите потребните дозволи за производство, увоз, извоз, активни дозволи и тн. Пред неколку дена  пуштени се во производство првите количества цигари за новото друштво од прилепската палета, а наскоро и од палетата на Филип Морис. Според договорот, новото друштво “Филип Морис – Тутунски комбинат – Прилеп” не снабди со репроматеријал, суровини, акцизни маркици и тн.. Со тоа Тутунски (ТКП), како контрактуелен прозводител, ги пушти во своите производствени капацитети и брендови. Претходно се дотера линијата во соработка со стручнаци од Филип Морис, се заменија делови, се изврши дообука, се поставија стандарди за контрола на квалитетот, или накусо се овозможи машините да го испорачаат потребниот квалитет.        

Кои се придобивките?

– Почнувањето и пуштањето на производство е голема работа. Тоа подразбира дека ТКП е способен да ги задоволи стандардите и на светскиот бренд Филип Морис. Придобивки се повеќе. Влегувањето на гигант како Филип Морис не само што е значајно за Прилеп и за ТКП, значајно е за Македонија за привлекување на странски инвеститори. Тоа е позитивна порака со самата големина на партнерот.

Што очекувате сега со пласманот на цигари? 

– Максимално сме фокусирани на најдобар можен начин да ги исполниме обврските од договорот, да ги задоволиме критериумите, стандардите, да го испорачаме потребниот квалитет, што е приоритет во овој период.

Дали се исплатливи односите меѓу ТКП и новата фирма?

– Договорот е направен на пазарни услови и во наш интерес. Очекувањата се ТКП  да излезе од фирмите загубари за година ипол до две.

Ќе имаат ли фајде кооперантите од партнерството со Филип Морис?      

– Договорот беше фокусиран кон цигарите. Во договорите обезбедиме обврска Филип Морис да откупуваат ферментиран тутун од ДООЕЛ Тутун. Тоа е обезбедување на сигурен пласман, а тоа е добро и за кооперантите.

Каков стои тутунот на светскиот пазар годинава?

– Очекувањата се дека реколтата ќе биде како лани. Уште има хиперпродукција. Со оглед на временските прилики, квалитетот ќе биде доста понизок во однос на лани.

Што се случува со вработените?

– Интензивно работиме на план да направиме заеднички прифатлив начин за редукција. Оптимисти сме дека ќе успееме, бидејќи, да бидеме реални, дури ниту соработката со Филип Морис или кој и да е гигант, не може да го оправда моменталниот број на вработени.

Откуп само на договорен тутун

Се очекува вишок на тутун годинава, надвор од договорите. Дали може да се случи овој товар да падне на грбот на ТКП?

– Работиме во пазарни услови, покрај тоа што сме во доминанта државна сопственост. Многу тешко е да прифаќаме непазарни обврски. Склучените договори, согласно законот, ќе ги испочитуваме. Во наш интерес е доколку обезбедиме пласман на поголеми количества на пазарот, да купиме, но по пазарните услови.  

Loading