Иго-Пер 2007
Иго-Пер 2007 е “полнолетна” фирма со реноме која нуди широк избор на алуминиумска и ПВЦ дограма. Таа е некогашната Иго-Пер Комерц од 1996 година сопственик бил таткото Атанас Трајкоски, “крстена” по синовите Игор и Пеце.
Младиот Игор бил “чепкало”. Ѕиркал по бизнис сегде пред петнаесетина години.
– Крај дуќанот на еден Турчин, окото ми запна на занаетот. Ме бендиса, оти тогаш немаше никој. Потпрашав што е како и ќефот ми растеше. На татко ми му предложив да се “фрлиме” на бизнис со алуминиумска дограма. Тој одбиваше дека сум бил уште мал. Ама пушти срце и кинисавме – раскажува за раѓањето на бизнисот, сопственикот Игор Трајкоски.
Со идеја на синот и без учен занает, набавиле цирукулар за сечење алуминиум. Секој почеток е тежок и никој не се родил учен. Со времето и упорноста, со желбата да се совлада занаетот, мајстор се станува. Запнатото во окото, рацете на Игор го срботувале вешто.
Со техничките напредувања, се снабдиле и со машина за ПВЦ меѓу првите. Иако луѓето не знаеле што е, ПВЦ-то тргнало добро. Бизнисот се развивал по нагорна линија,. Во 2004 г. се прошириле во сопствен голем објект за да нудат брз “комплет третман” на дограма со застаклување и ролетни. Стаклото, дали 4 сезони, КА, триплекс, во боја, го работат во својата стакларница. Со поделба на фамилијарниот бизнис Игор го наследил “престолот”, но сега под ново име Иго-Пер 2007, а братот основал нова фирма за ковани огради под слично име Иго-Пер Метал. Поврзаноста е помагањето еден на друг, а соработката меѓу браќата е на прво место.
Народот е најголемата реклама, од кажано – прекажано, работејќи кај еден, утре кај друг, добриот глас се слуша надалеку. Со сите сертификати за ПВЦ, нудејќи гаранција за секој производ со највисок квалитет и навремена изработка, го освојува пазарот како локално, така и пошироко. Со порачки дотуркал и до Грција, Франција, Италија.
Игор не е само сопственик. Тој е и работник. Го има насекаде. Дограмата почнува и завршува со него. Се пазари, одбира, нуди, потоа обучениот тим професионалци на занаетот, изработува ПВЦ или Ал дограма, до завршна фаза и монтажа. Сите остануваат подолго време, само да се заврши работата прецизно до милиметар, без фушерај. Сопственикот првин гледа нему да му го фати окото сработеното, а после да го бендиса муштеријата, прифаќајќи ги сите забелешки.
– Работиме исклучиво со квалитетни германски профили од марката KOMMERLING и KBE, а алуминиумските профили се ELVIAL од грчко потекло. Преземаме комлетна работа со застаклување, со германскиот оков SELVE. Од 2004 г. сме директни застапници на германската KOMMERLING. Ефектот на нашиот квалитет се гледа во заштедата на енергија, поголемата звучна изолација. Благодарен сум што велат одете во Иго-Пер 2007, оти е квалитетен, иако малку поскап. За еден – два отсто фазла никој не гледа, кога е во прашање квалитетот. Засега актуелно е ПВЦ-то, иако првин никој не знаеше што е тоа. Со времето се препозна квалитет и луѓето нагло го бараат. Располагаме со најновиот профил, германскиот KOMMERLING, кој однадвор е алуминиум, а внатре ПВЦ, со имитација на дрво – вели Трајкоски.
Прозорците и вратите на Иго-Пер 2007 со својот маркантен дизајн и широк изглед одговараат на модерниот стил. Блеска зградата со сини стакла спроти Поштата, новата зграда под Факултетот, или пак кај Старски дом.