ЖИТО ПРИЛЕП – ВАРДАР СЦБТ

Ракомет

Конечно од страна на РФМ е одлучено новата сезона во женската ракометна Супер лига да стартува на 27 септември. Се остварија шпекулациите дека одвај е составена лигата, бидејќи отсуствуваат четири екипи. Иако немаше отпаѓање, откажале скопски Металург јуниор и штипска Кожувчанка, а ги нема ланските прво и второпласирани прволигаши Моби Дик од Охрид и Куманово. Наместо нив вклучени се скопско Ѓорче и битолски Пелистер. Важно за градов е што се најдоа сили, желба и ентузијазам да се пријави суперлигашки тим под името Жито Прилеп. Шеста сезона овој клуб е во највисокиот ранг. Есенва првото коло е мошне привлечно и се очекува преполна сала, затоа што гостува европскиот гигант Вардар СЦБТ. Останати двојки се ЖРК Вардар – Металург и Ѓорче – Пелистер.

Машкиот РК Прилеп на тест дома загуби со 22-31 од МРК Вардар, а следат уште една – две контроли до 20 септември и стартното коло од Супер лигата.

Loading