Поетот Тони Павлески се закити со нова хаику награда. Овојпат на спринт хаику натпреварот на Диоген. Поетот ја освои третата награда во конкуренција на 1296 творби од 144 автори од 26 земји во светот.
Наградата е континуитет на досегашните успеси во хаику творештвото.
– За мене е стимул за понатамошно творештво, духовно исполнување и задоволство што сепак се препознава и се оценува квалитетот – изјави Павлески за Зенит.