ТВОРЕШТВОТО ОД ЛЕСНОВО

Дваесетина дела од 22. меѓународна ликовна колонија Лесново од Пробиштип ќе бидат изложени од вечерва од 20 часот во галеријата од ЦК “Марко Цепенков”. Изложбата е пресек на творештвото од уметниците од Македонија, Бугарија, Романија, Србија кои твореле во Лесново минатата година на колонијата што ја организира Домот на културата “Злетовски руда” од Пробиштип и е во рамките на соработката меѓу двете културни институции.

Loading