ПОЛЕЗЕН КАМП

Џудо

Џудо клубот Сеишин организираше еднонеделен Камп во Охрид со цел подготовка на своите членови во пресрет на новата сезона. Околу 30 пионери и кадети имаа тренинзи на кондициски и тактичко – технички план, а поминаа и обука за пливање. Во завршницата кампот го посетил претседателот Ѓорге Иванов. Од водечките луѓе во клубот беше детално информиран за сите активности и наредни планови.

По враќањето од Охрид нема многу одмор. ЏК Сеишин продолжува со кондициски тренинзи на отворено, а потоа со редовни во салата на ОУ “Кочо Рацин”.

Loading