ОД ИГЛА ДО ЛОКОМОТИВА ЗА АВТОМОБИЛИ

Ангромеханика

Ja znaat dusata na avtomobilite - Darko i Branko JakovoskiПо 42 години работен стаж во државната Агромеханика, Бранко Јаковоски, најстариот во градов за автоделови, веќе 15 години посветено работи во својата Ангромеханика. Со приватизацијата, кога општествените фирми се затворале, останал така – речи на улица. Љубовта кон деловите од автомобилската индустрија била пресудна да го продолжи бизнисот во браншата со сопствен дуќан, под слично име. Муштериите ја познавале Агромеханика, го познавале него, па преку името сакал да задржи дел од “репутацијата” што ја создал. Местото раководител, односно менаџер на компанијата, му го препуштил на синот Дарко, кој како да е “роден” за оваа работа. Чесноста и квалитетот се тајната на нивното успешно работење.

Освен што во продавницата располагаат со од “пиле млеко”, односно од игла до локомотива разни делови, во бизнисот со автоделовите отишле чекор понапред. Во автосервисот, муштериите ги “почестуваат” со бесплатно менување на масло и филтри за автомобилите, па дури и со 30 отсто попуст на поправката доколку деловите се купени од нивниот дуќан за автоделови. Располагаат и со влечна служба за возачите кои останале дефект со возилото на патот.

Имаат решение за секој дефект на автомобилот, одговараат на сечиј повик, на сечие барање користејќи и компјутерска дијагностика со цел муштериите да добиваат целосна услуга.

– Муштериите се со различни барања и потреби. Ние сме флексибилни. Се трудиме да одговориме на секого, наоѓаме компромис и решение за нивните проблеми. Препознаваат чесна работа. Најголемо задоволство е услужен муштерија – вели Бранко Јаковоски – Тртето од Ангромеханика.

Автоделовите ги снабдуваат од секаде, дури и од јужниот сосед. Користат и карго превоз за побрза набавка на деловите кои се ретки во продажба.

– Бизнисот со делови за автомобилската индустрија не е ни малку лесен и едноставен. Секој ден се соочуваме со нови моменти, нови марки на автомобили и мотори. Секој ден е предизвик да се најде “терсене” дел, кој другите не успеале да го имаат на лагер. Тоа е борбата на еден дуќан. Затоа се стремиме да одиме подалеку. Користиме компјутери за постојано “следење” на автомобилските трендови, што се вели, “тука да ти е умот”. Бизнисот бара доста енергија и нерви, исчекување при потрагата на соодветни автоделови – вели управителот Дарко Јаковоски.

Да се менаџира фирма е макотрпно, но со добар тим успехот е загарантиран. Сопствениците Јаковоски му се благодарни на Николче Николоски, кој скоро две ипол години е во дуќанот, каде често целиот товар и одговорност паѓа врз него. Во автосервисот на излезот од градот, на плетварско џаде, веќе три години махери за сите видови германски и француски автомобили се механичарите Мики Зероски, Илија Тренкоски и Кире Темелкоски. Тие се умешни за остранување на дефекти и имаат одлично познавање на автомеханиката. Еластични се и со долгогодишното искуство ги “дотеруваат” возилата, а ако треба и од дома ги земаат автомобилите.

Од Ангромеханика планираат да продолжат со истото темпо, да го прошират бизнисот, бројот на вработени и палетата на услуги.  

Loading