ЌЕ ЕЧАТ ГАЈДИ, ГУСЛИ, ФРУЛИ, ТАПАНИ, ТАМБУРИ…

Вечерва на камената бина

Orkestarot Rudina ce ja prezentira izvornata muzika“Балкански фолклор 2014” е манифестацијата што ќе се одржи вечерва од 20.30 часот на плоштадот Александрија, а со која ќе се презентира изворниот фолклор на балканските земји. Организаторот ЦК “Марко Цепенков” ќе понуди настап на четири фолклорни ансамбли од Македонија, Србија и Бугарија. Ќе засвират оркестарот “Рудина” од Битола, гостите од Неготино “Краина”, “Илиџ” од Србија и ансамблот “Прво мај” од истоимениот град од Бугарија. Ќе одекнат гајдите, тапаните, гуслите, фрулите, тамбурите, ќе се слушне исконската изворна музика на Македонците, Србите, Власите, Црногорците, Бугарите.

Манифестацијата е дел од Прилепското културно лето на ЦК “Марко Цепенков”, поддржана од Министерството за култура.

– Како и претходните години, така и годинава ја реализираме веќе традиционалната манифестација која побудува интерес кај нашите сограѓани, кои имаа можност да се запознаат со автентичната изворна македонска, но и на нашите соседи музика – велат од Центарот за култура, при тоа напомнувајќи дека завршницата на манифестацијата “Прилепско културно лето” е на петти септември, со изложбата на делата создадени на годинешната, седма по ред ликовна колонија Дрен.

Loading