ПЕХАР ОД ХРВАТСКА

Шах

Ретко македонски шахисти победуваат во странство, а тоа му успеа на ФМ Роберт Велески. Освои прво место и пехар на Отворениот аматерски шаховски турнир за играчи со рејтинг под 230, во Топуска, Хрватска. Беше деветторангиран и со осум победи и еден пораз се искачи на врвот, во конкуренција на 91 учесник. Загуби само од суперталентираниот домашен кадет, Свен Тица, а ги совлада сите други. Најдобра партија даде против Младен Зелиќ, кого му се реваншира за поразот пред две години.

– Мој најголем успех. Освоив 51 рејтинг поени – задоволен е Велески.

На ред е Државното поединечно првенство во Струга.

Loading