ПАДНАА ЅВЕЗДИТЕ ОД МЕТАЛУРГ

Фудбал

Pobedonosniot gol na JankoskiПобеда го совлада Металург со 3-2 (2-1) во Купот. Третолигашот беше подобар од прволигашот, учесник во третото квалификациско коло до Лигата на Европа. Во Прилеп паднаа ѕвездите од Автокоманда. Се вкочанија сите кои предвидуваа лесна задача за големиот фаворит. Низ чаршијата се прогнозираше домашен пораз и бериќет по обложувалниците. Има уште фудбалска чест и се одигра чисто, најчисто, спортски.

Головите се дело на Шаркоски, Крстески и Јанкоски. Последниот падна во 89. минута и ги шокираше гостите. Не беа свесни дека губат од третолигаш. Популарниот Ацуле ги тешеше дека не загубиле од кого било, туку од Победа, а да знаат за другпат дека нема шега со Победа, со кој состав да настапува и во кој ранг да учествува. Со овој успех, пласманот е во осминафиналето од Купот.

Претходно 11 Октомври со младинско – кадетски тим загуби со 0-9 од Шкупи.

Loading