УБОИТ ТАНДЕМ

Ацески – Несторовски

Новче Ацески замина во хрватскиот второлигаш Интер Запрешиќ и стана соиграч на Илија Несторовски. Двајцата поранешни првотимци на Победа се убоит тандем на подготовките. На првиот тест натпревар со Вараждин на гости, при пораз од 3-4 напаѓачот Несторовски постигна гол за минимална негатива. На вториот тест со Сесвете немаше голови, а на третиот е остварен триумф од 5-2 на гости кај Неделишче. Прво Ацески, кој игра во средниот ред, постигна прекрасен гол со волеј и лоб на голманот, а потоа и Несторовски во тесно издрибла двајца и погоди во аголот.

Ацески и Несторовски се адути на Интер во амбициите за првото место и пласманот во Првата лига на Хрватска.

Loading