ТЕМЕЛКОСКИ ПРЕД МОЛНАР

Борење

Moment od turnirot vo RickoБорачкиот клуб 7 Мај Леов во салата на СОУ “Р. Р. Ричко” беше одличен домаќин на меѓународниот младински турнир по повод 10 години борење, 13 години од Карпалак и милениумот на градот. Учествуваа близу 100 борачи од Македонија, Бугарија, Србија и Унгарија. Конечно овој убав спорт се приближи до гледачите, кои уживаа цел ден во борбите на два душека. Имаше атрактивни зафати за добивање поени.

Не само домаќин, БК 7 Мај Леов се покажа успешен и со завидни резултати. Златни се Леонид Кокондоски, Михаил Маркоски, Теодор Темелкоски, Маја Дејкоска и Катерина Мирческа. Сребро освои Христијан Пенков, а бронза Леонардо Насески и Христијан Кочоски. Најмногу од сите покажа 16-годишниот Темелкоски, избран за најдобар на турнирот, пред Унгарецот Ласло Молнар, со титулата најдобар странски борач. Најтехничар е Бугаринот Радомор Стојанов.

Следи одмор до 25 август, а во септември турнири.

Loading