Не им беше напорно, туку им претставуваше уживање на педесетина планинари на Картуш за два дена да ги освојат двата највисоки врвови на Балканот во Бугарија, Мусала на планината Рила и Вихрен на Пирин. Љубителите на височините и планините бркале кеф при искачувањето и панорамата од “облаците”. Велат дека не е првпат, прилепска голема планинарска експедиција да “кутне” два планински карста кои се граничат со небото. Пешачењето од неколку часови по уредените патеки со патокази им помогнале брзо, без мака да се вивнат во височините за да се дружат со облаците. Не биле единствени, зашто стотици запаленковци по природата, не само од Бугарија, им биле колеги во борбата во потрагата на природниот раскош. Им останало впечаток дека источните соседи успеале да ја одржат и да ја негуваат традицијата и љубовта кон природата без разлика на економските и временските прилики и неприлики.