ИСТАНБУЛ – ГРАД НА ДВА КОНТИНЕНТИ

Летна понуда

– Престојот во туристичкиот центар Кумбургаз претставува вистинска можност за активен одмор и релаксација. 

– Најстариот истанбулски споменик е Египетскиот Обелиск

Nacionalna atrakcija na Turcija se stomacnite tanciТурција дочекува со сончев хоризонт, направен од кубиња и минариња. Истанбул е дом за најразлични луѓе и опкружување составено од најразлични слики, град кој живее и дише со своите 20 милиони жители, а не е само историски поим. Тој е град на два континенти, дестинација, единствен град на Европа и Азија кој ги преплавува сите сетила, а престојот во туристичкиот центар Кумбургаз претставува вистинска можност за активен одмор и релаксација. За туристите е незаборавно патување зачинето со мириси од чај и зачини, од џагор на уличните продавачи, во опкружување од некои од најимпресивните градби од сите времиња.

Град кој никогаш не спие

Истанбул пречекува опсипан со светлина, што уште повеќе ја истакнува неговата грандиозност. Прошетката и ноќното разгледување на Истанбул е вистинско доживување. Град кој никогаш не спие – улици полни со весели и насмеани луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануват Европа и Азија.

При разгледување на градот, прва цел е најстариот истанбулски споменик – Египетскиот Обелиск. Византскиот цар Теодусиус дозволил да биде пренесен од египетскиот регион Луксор во Турција. Веќе 1600 години одолева на силните потреси, кои, во просек секоја 100-та година, го погодува Истанбул. Одмор за очите е посетата на Сината џамија – една од најголемите и најимпресивните, и секако најубаво изведената и декорирана џамија во Турција. Името го добила според материјалот на сино – зелена боја, од кое се направени плочките, вградени во ѕидините. Позната е по тоа што е покриена со стотици метра најквалитетни свилени теписи и е украсена со стотици увезени кристални маслени ламби. Кога ќе се погледне Сината џамија однадвор, се добива слика на совршена хармонија со структурен облик во елагантна изведба.

Вдлабнатина за желба

Уште едно архитектонско ремек – дело, денес музеј, а некогаш најсветото место во византиската доба е Аја Софија. Нуди уживање во изработките на старите мајстори од злато, кои се резултат на петгодишната работа на илјадници мајстори од различни земји во светот. Со ставањето на раката во вдлабнината на ѕидот во внатрешноста на Аја Софија и завртувањето за 360 степени може да се посака желба со надеж дека и ќе се оствари.

Не е пожелно возењето со брод по Босфорот по дожд, оти, ако има сонце, се ужива во прекрасниот поглед. Едната страна е Европа, а на другата Азија, со фасцинантни мостови, пристаништа, рибарски населби, модерни и луксузни вили, џамии… Со оглед на тоа дека Босфор е многу мирен канал, градежните објекти се направени на брегот. Местото од каде се овозможува прекрасен поглед на Истанбул, кој поради единствената положба на Босфорот, пријатната клима, богатиот ноќен живот, срдечните луѓе и одличната традиционална кујна, станува се поатрактивна туристичка дестинација. Прекрасниот престој и уживањето во глетките на велеградот се надополнуваат со традиционалните турски стомачни танци.

Прошетките низ историскиот стар дел на Истанбул, посетата на турската бања, се збогатуваат и со шетање или купување на текстил и сувенири, со задолжителното ценкање кое е составен дел на пазарот во Турција. Неодминливи се и луксузните трговски центри со блескави излози. Во елитниот дел на Истанбул современи згради, многу модерни и урбанизирани.

Купување со ценкање

Во туристичкиот центар Камбургаз времето се минува со купување ситници, сувенири, накит… На пазарот во Камбурагаз, на многу живописното место може да се најде сé, сувенири, теписи, пердиња, ткаенини, шалови, традиционални облеки од сребренини и интерсно, рачно изработен накит. Купувањето е со почитување на правилото на ценкање кое овозможува одреден шарм и секако шопинг на неограничени можности низ вкусување на традиционалниот чај кој се нуди на секој чекор. Шармантните мали работилници и продавници, шаренилото од бои и симпатичните продавачи претставуваат вистинска мамка за туристите да се вратат со полни раце.

Се нуди уживање во топлата клима, со прекрасен поглед на море, песочна плажа и крајбрежје. Околината дише со позитивна енергија. Денот може да се мине и во еден од најголемите турски забавни паркови и спуштање со кануа низ водените површини, со симулации за возење формули и многу реалистичкото доживување на амазонските прашуми со сите пропратни ефекти со многу возбуди. Посетата на Истанбул мора да се искористи за вкусување на различни видови турски чаеви, кафе и мирудии.

Патувањето во Истанбул е незаборавно, соништата се претвораат во јаве и сеќавањата остануваат за цел живот.

ПОРЦЕЛАН ВО ИЗЛОЖБЕН САЛОН

Султановата палата Топкапи приближно 400 години била административен центар на Отоманското царство, едно од најважните историски градби во Истанбул која годишно ја посетуваат повеќе од 2,5 милиони луѓе. Султановата палата заштитена е со високи бедеми, во чиј состав се 28 кули, има 3 излези на море и 4 на копно. Интересно е тоа што просторот на некогашната кујна, во која секојдневно се хранеле 1200 луѓе, денес е претворена во изложбен салон каде се чува третата по големина колекција на порцелан на светот. Во палатата се изложени и кочии, оружје, сребро, рачно изработени предмети од стакло, скапоцености, часовници, теписи, текстил…

Loading