УШТЕ ОДМОР

Жито Прилеп

Продолжува одморот за ракометарките на суперлигашот Жито Прилеп. У ште нема најава за датумот на првата прозивка за подготовките. Клубот со тешкотии ја заврши минатата сезона, но се правеа напори за нареднава да биде постабилна. Постои пак неизвесност. Се чекаат вести за играчкиот кадар и за празното тренерско место. Во женската Супер лига квалитетот не е на високо ниво и со скромен тим може да се избори опстанок.

Но, да се причека што натаму ќе се случува, дали ќе се соберат сили и наесен за шестипат достојно суперлигашко претставување на ЖРК Жито Прилеп.

Loading