ПРЕДЕЛИТЕ НА ДРАГАН НАЈДЕНОВСКИ

Изложба на 30 слики во комбинирана техника “Предели” од  битолскиот уметник Драган Најденовски е отворена во галеријата од ЦК “Марко Цепенков” во рамките на Прилепското културно лето. 

Најденовски учествувал на повеќе групни изложби низ земјава и странство и на меѓународни манифестации на графика. Добитник е на повеќе награди и признанија. Самостојно имал изложби во Битола, Сараево – БиХ, Прилеп, Скопје, Кавадарци, Пазарџик – Бугарија, Неготино, Скопје…

За неговото творештво Роберт Цветковски – историчар на уметност, забележал дека е ликовен автор со солиден излагачки багаж. 

Loading