ЌЕ БЛЕСНЕ И ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА

Starata ke se transformira vo nova zeleznicka stanicaЦелосно ќе се обнови до крајот на годинава железничката станица. Ќе се вградат и нови системи за противпожарна заштита, чекалните ќе се реконструираат по европски стандарди, ќе се инсталира патнички информативен систем, ќе се подобрат пристапите и пероните, наедно ќе се адаптираат рампи за лицата со намалена подвижност. Тоа се елементите кои ќе треба да ги изведат градежниците кои ќе успеат да го земат тендерот на Европската комисија за целосно обновување на 10 железнички станици во Македонија, меѓу кои и прилепската.

Loading