ДИСЦИПЛИНА КИЧМЕ ПОД МАРКУКУЛЕ

Dusan Kojic - Koja e cuvar na legendarnata grupaНа летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков” на крајот на август ќе се одржи третиот „Прилеп џез викенд”. Интернационалниот фестивал го презентира музичкото творештво во светот на џезот пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на светските културни вредности. На манифестацијата ќе настапи и  една од најпознатите и легендарни српски рок групи – Дисциплина кичме, бендот кој ги испиша најважните страници на историјата на југословенскиот рокенрол. 

Фронтмен на бендот, уште од основањето во 1981 година, е Душан Којиќ – Која. Тој ја оформи групата по распадот на „Шарло Акробата”. Музиката е мешавина од фанк-рок, ноис-рок, џез фјужн, драм енд бејс и многу други стилови. Повеќе децении испорачува врвен ноис, а од неодамна во своите редови вклучи и нов инструмент – усна хармоника.

Во декември 2013 година е лансиран хит синглот „Самодисциплина”, кој ја затресе музичката сцена. Годинава групата го објави и фанк хитот „Зависник од моќ” со премиера на видео спот на регионалниот „Ем-ти-ви” канал.

Џез викендот е во организација на локалната самоуправа, а е дел од циклусот насловен „Сезонски фестивал”.

Loading