Трета
Раководството на Третата лига – Југ одлучи новото првенство да стартува на 31 август. Има доволно време за подготовки на терените и екипите, од кои дел се од рурални места. Се очекува добар квалитет со оглед на имињата: Победа, 11 Октомври, Партизан Обршани, Млекар Мало Коњари, Варош. Големо Коњари, Борец, Бабуна Мартолци, Превалец, Вардар Неготино, Д. Езеро и Ц. Ѕвезда Јосифово. Одбран е класичен систем од 22 кола по кои ќе биде познат првакот за кого е предвиден бараж за влегување во Втората лига. Ждрепката со распоредот се на 15 август.
Деновиве ќе се знае и терминот најдоцна до 5 август за куп мечот Победа – Младост К. од каде победникот ќе се сретне со прволигашот Металург, тим во 3. коло на УЕФА.