НА ТАЦНА ИТАЛИЈАНСКИ ГРАДЕЖНИ МАШИНИ, АЛАТИ, МАТЕРИЈАЛИ…

Еуроградба Асаноски

Sirok izbor na materijali za gradeznici i graganiАко некогаш патот ве носи кон селото Лажани нема да “избега од очи” плацот за градежни материјали и алати на фирмата Еуроградба Асаноски. Се работи за компанија со реноме, лидер во Македонија за изнајмување и продавање од “најситни” потребни материјали до “најкрупни” машини за градежништво. Таму се нуди секаква софистицирана машинерија и алати од Италија, барана и применувана  и од Европјаните.

Да се гради, да се има нешто свое е потреба на човекот. А создаденото да има век и квалитет, нужни се градежни материјали и алати по европски стандарди. Еуроградба е компанија која своето италијанско седиште го “преселила” и во нашиот Прилеп. Идејата за бизнисот лежи во корените на семејниот бизнис во Италија на Исмаил Асаноски од селото Лажани. Сакајќи поволностите што тој ги пробал и искусил на “своја кожа” да им ги долови и на своите сограѓани, се охрабрил и основал фирма со плац во селото Лажани. Од 2010 година успешно се пробива на пазарот, станувајќи симбол на квалитет, деловност и ниски цени.

– Со “префрлањето” на седиштето од Италија во Прилеп, Еуроградба Асаноски ја чувствувам како голем чекор лично за себе, за нашиот семеен бизнис, но и за потребите на сите потрошувачи – изјави Асаноски.

Pogodna lokacija na  stovaristeto vo seloto LazaniНиз окуларот на потребите за градежни материјали на разни претпријатија, Асаноски прави две добра – ја “зграпчува” можноста за профит, но и  им се најдува на “своите”, нудејќи им производи со врвен квалитет. Дали побарувачката е голема или мала, дали се работи за прилепчани, или можеби европјани, се сервира на тацна италијански врвен квалитет на градежни производи до крајните потрошувачи. На стовариштето за градежни материјали, машини и алати во Лажани се најдуваат преку 500 различни производи, како багери, дигалки, кранови, виљушкари, валјаци, Bob Cat, скелиња за фасади, потпирачи, керамички плочки и др. Дел ги има на лагер и во секое време ги транспортира до потрошувачите, а по потреба врши и дополните дистрибуции од Италија, без разлика дали се работи за продажба или изнајмување.

– Бизнисот напредува. Нé бараат од цела Македонија, па и од Европа. На муштериите им е атрактивен италијанскиот квалитет – додава Асаноски.

Ќе градите? Нешто ќе “дотерувате”? Можеби ви се потребни виљушкари и багери? Не двоумете се кога квалитетот е во прашање. Наминете во просториите на канцеларијата на Еуроградба Асаноски во Прилеп, или “прошетајте се” до плацот во селото Лажани. Ви гарантираат европски квалитет преку брз и ефикасен транспорт и дистрибуција.

Loading