ИЗЛЕЗЕ ДВОБРОЈОТ 1 – 2 НА СТРЕМЕЖ

ЦК “Марко Цепенков” го издаде двобројот 1-2 на списанието за литература, уметност и култура “Стремеж” со финансиска поддршка од Министерството за култура.

Главнината од страниците се посветени на творештвото на Трајче Крстески, кој 45 години е уредник во Стремеж, што постои 60 години. Весна Ацевска се осврнува на неговото творештво и на романот “Силјан повторно лета”. Критика за романот “Лов” пишува Миодраг Друговац, а Јовица Тасевски Етернијан за делото “Јона и полжавот”.

Петар Петрески забележува за Крстески како раскажувач, романисер, поет, преведувач  со зборовите “Тој е  автор без време за губење, постојано твори и е еден од поуспешните автори во драмското творештво”.

Стремеж донесува и стихови на Благоја Јованоски, Елизабета Тодороска, фрагмент од романот “Илинден” од Димитар Талев, во превод од бугарски на македонски јазик на Сузана Николоска.

Loading