ПАРИСКИ ПОГЛЕД ОД ПРОЗОРЕЦ

Изложба на фотографии од Роберт Јанкулоски

Robert Jankuloski so nov umetnicki predizvik pred sograganite“Поглед од прозорец” е тематската изложба на фотографии од нашиот сограѓанин Роберт Јанкулоски, кој живее и работи во Скопје, а ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков” во рамките на Прилепското културно лето.  

Пак си пред сограѓаните. Колку фотографии се на увид?

Иэложбата е составена од 20 големоформатни фотографии снимени эа време на мојот студиски престој 2012 година во Париз, град кој годишно го посетуваат неколку милиони туристи и се прават многу милиони фотографии. Не постои делче што не е снимено. Моите се снимени од проэорецот на студиото во кое престојував, и изложбата е омаж на првата фотографија / хелиографија, снимена во светот, која го носи истиот наслов.

Што сакаше со неа да постигнеш?

Со иэбор на еден ракурс на гледање и прикажување на една париска глетка се обидов да го претставам градот кој се менува секој момент во эависност од светлината над него. Светлината што зрачи честопати се рефлектира од облаците и се создава една збунувачка атмосфера, се меша денот со ноќта, а тоа е душата на Париз, кој живее 24 часа. Сакав да покажам дека и со изборот на само “еден поглед” може да се направи серија на фотографии различни една од друга, без да бидат здодевни за гледање.

Кој е уметничкиот порив постојано да се “чкрапа” и да се создаваат фотографски креации?

Со годините, станува потреба секојдневното користење на фотоапаратот. Во денешно време многу е добро што постојат телефони со добри камери и минијатурни апарати, па така постојано може да се прават фотографски скици, да се бележат идеите и ако е потребно подоцна да се направи сериозно снимање со професионална опрема. Некојпат и тие скици може да се изложат, затоа што квалитетот на фотографиите навистина е на високо техничко ниво.

Како директор на Македонскиот центар за фотографија се трудите да го заштитите фотографското минато. Што е следниот предизвик?

Сега го завршувам документарниот филм “Манаки – прикаэна во слики”, работена три години. Останаа уште неколку мали доснимувања во Пловдив и Букурешт. Од септември стартуваат подготовките на монографијата за старата македонска фотографија и можеби монографија за Манаки. Паралелно, продолжуваме со дигитализација на нашата збирка стаклени плочи. Со студентите по фотографија од ЕСРА и со фотографи гости од Каен, Франција, работиме проект поврзан со Првата светска војна и во ноември ќе има иэложба во Франција.

Роберт Јанкулоски дипломирал на ФДУ Скопје, отсек филмска и ТВ камера во 1997 година. Магистрирал на ЕСРА, основач е на Македонскиот центар за фотографија и предава на ЕСРА на катедрата за фотографија и на ФДУ на Државниот факултет во Тетово. Имал 28 самостојни изложби, а бил учесник на голем број групни. Добитник е на неколку награди од областа на фотографијата и филмската камера.

Loading